Градоначалникот Богоев се сретна со неговата колешка од Манчестер

Од:

Градоначалникот на скопската општина Карпош, Стефан Богоев, кој e во неколкудневна посета на САД во придружба на македонска делегација на млади лидери, се сретна со градоначалничката на Манчестер, Џоис Крег.

На средбата на Богоев со Крег, прва жена градоначалник на Манчестер, е изразена надеж дека општините ќе остварат поблиска соработка и вмрежување во претстојниот период, соопшти општина Карпош.

Богоев го претставил развојот на општина Карпош истакнувајќи ги главните особености на локалната самоуправа, нејзината позиционираност и визијата за иден развој и напредок.

Крег, пак, се осврнала на системот на локална власт во САД, ја презентирала својата визија за Манчестер и посочила дека е посветена на градење на локална заедница во која граѓаните ќе сакаат да живеат и работат заедно со своите блиски.

– Идентична долгорочна цел во својата програмска ориентација и во практичното работење има и градоначалникот Богоев кој напомена дека заедно со својот тим е посветен општина Карпош да „оди” чекор понапред во секој поглед. Локалната самоуправа тоа посебно го илустрираше со сите преземени активности во насока на развој на предучилишното и основното образование кое треба да биде квалитетно и сеопфатно за сите, се наведува во соопштението.

Престојот на градоначалникот на Карпош во САД е дел од размената на знаења и искуства со млади лидери од различни држави. Посетата е во организација на Амбасадата на САД воМакедонија и Американскиот совет на млади политички лидери.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски