Градоначалничката на Богданци на манифестација на општини од ЈИЕ „NEXPO 2013“ во Ријека и Опатија

Од:

Општина Богданци, претставувана од градоначалничката Анастасија Олумчева, од денеска до 27-ми септември учествува на големата манифестација на општини од Југоисточна Европа „NEXPO 2013“ која се одржува во хрватските градови Опатија и Ријека.

На овој меѓународен саем на локалните власти, Олумчева пред потенцијалните инвеститори и експерти ќе има можност да ги презентира проектите на општина Богданци во областа на енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија, како и да ги истакне потенцијалите за развој на територијата на Македонија.

Централни теми за дискусија на саемот на општините од Југоисточна Европа ќе бидат од сферата на бизнисот и создавање можности за инвестиции преку проекти од областа на енергетската ефикасност.

Најавено е учество на претставници од Европската унија, на околу 4.000 претставници од општините, 250 градоначалници, развојни агенции, здруженија на граѓани и бизнисмени од Европа.

Би можело да ве интересира

Пијан возач од Гевгелија удри во заштитна ограда на обиколницата кај Богданци

Момче од Богданци во студентски дом фотографираше девојка како се тушира

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Богданци и околината

Горан Наумовски

Маж од Богданци осомничен дека силувал малолетничка

Горан Наумовски

Детали за несреќата во која загина едно лице: Еден од учесниците во сообраќајката криумчарел мигранти

А1он

Едно лице загина во сообраќајката на патот Гевгелија-Богданци: Се судриле четири автомобили

А1он