Градинката „Весели цветови“ домаќин на претставници од предучилишни установи од Србија

Од:

​Јавната детска градинка „Весели Цветови“ од општина Кисела вода беше домаќин на 30 стручни соработници од предучилишните установи од Република Србија.

Гостите кои ја посетија градинката беа од различни профили – педагог, психолог, социјален работник, логопед, дефектолог, стручен соработник за физичко воспитување, стручен соработник за екологија и ликовен соработник.

Средбата, како што соопшти прес-службата на општина Кисела Вода, се одржа со цел отпочнување соработка, размена на искуства во доменот на предучилишното воспитување и образование.

На средбата, што се одржа во објектот „Сончоглед“ гостите имаа можност да се запознаат со работата и улогата на стручните работници и соработници во градинката. Покрај ова, вработените во ЈДГ „Весели Цветови“ на гостите им ги презентираа условите во кои ги извршуваат секојдневните обврски спрема дечињата. Воедно, им ги покажаа и работните простории и занималните во кои децата престојуваат.

На крајот, гостите од Србија заедно со своите колеги домаќини проследија и приредба подготвена од дечињата од истата градинка.

Би можело да ве интересира

Општина Кисела Вода: Најостро ги демантираме сите изречени клевети од здружението „Стоп за Усје“

Манифестација „Спортист на годината“ во Општина Кисела Вода

Водоснабдувањето прекинато во дел од Кисела Вода

Горан Наумовски

ВИДЕО: Демнач плаши станари на зграда во Кисела Вода

Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска на увид во реконструкцијата на објектот на месната заедница во Пинтија

Предраг Петровиќ

Кривична за пироман од Скопје – предизвика пожар во возило во Кисела Вода

А1он