Градинката „Пролет“ целосно опремена со прочистувачи за воздух

Од:

Градинката „Пролет“ во Козле доби 15 нови прочистувачи за воздух. Со нив, сите објекти на градинката „Пролет“ се опремени со прочистувачи за воздух.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев посочи дека во претстојниот период локалната самоуправа ќе се фокусира на опремување со прочистувачи на основните училишта.

– Во изминатиов период навистина инвестираме многу на полето на детската заштита, а во ова ни помагаат и голем број на општествено одговорни компании. Сакам да се заблагодарам на ЕЛЕМ, за донацијата од 9 прочистувачки, како и до школата за странски јазици „Филос“ и болницата „Жан Митрев“, кои ги донираа преостанатите прочистувачи за воздух, рече Богоев.

Опремување на воспитно-образовните установи со прочистувачи за воздух е само една од мерките кои ги презема локалната самоуправа, со цел да обезбеди побезбеден престој на најмладите во градинките.

Директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски посочи дека компанијата ќе продолжи да биде општествено одговорна и во претстојната, 2019 година.

Соработката која се воспостави меѓу локалната самоуправа и приватниот сектор, по ова прашање, претставува добар пример за конкретен придонес кон локалната заедница и основа за нови акции кои го штитат јавниот интерес.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски