Градежни активности на Општина Центар во ООУ „Кирил и Методиј“

Од:

Општина Центар започнува со санација и реконструкција на дел од објектот на најстарото општинско основно учлиште „ Кирил и Методиј“.

Зафатот во ова училиште, кое минатата година прослави 180 години од своето постоење, се однесува на приземниот дел од објектот и ќе ги опфати влезниот хол на училиштето и четири училници наменети за најмалите. Реконструкцијата и санацијата е во договор на родителите и наставниците со градоначалнкот на Општина Центар Андреј Жерновски, а се’ со цел децата да имаат подобри услови за стекнување знаења.

Со изградбата на затворената спортска сала во дворот на училиштето, се создадоа услови објектот на училиштето да се врати во неговата првобитна состојба.

Во план е проширување на влезниот хол на сметка на двете училници кои беа изведени во холот неопходни за непречено одвивање на наставата. Ќе се изврши рушење на преградните ѕидови во ходникот кои досега служеа како импровизирани соблекувални за спортската сала која, пак, ќе се прегради со што ќе се добијат две нови училници.

Дополнително ќе се изврши молерисување на ходниците, влезниот хол и сите училници на приземјето, дотраените подови од ламинат ќе се заменат со нови од винилна облога, ќе се офарбаат радијаторите и ќе се замени и дополни постоечкото осветлување.

Со овој зафат ќе се врати првобитната функција на објектот, а холот ќе стане место за средби и настани.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски