А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Град Скопје со препораки до граѓаните поради аерозагадувањето

by А1он22/11/2016 - 14:36117
Share0

Граѓаните да користат јавен превоз, да го сведат своето движење на отворен простор на неопходни излегувања, малите деца, бремените, хронично болнните и постарите да не излегуваат на улица и да не се проветруваат просториите во кои се престојува.  Ова се дел од препораките што Градот Скопје денеска ги упати до граѓаните поради загадувањето на воздухот во Скопје во пет последователни денови.

Следете a1on на Instagram Instagram

Од Градот Скопје се препорачува автомобилите да не се користат без поголема потреба и  во нив да се возат повеќе лица истовремено.

Меѓу препораките се и почитување на сообраќајната сигнализација за движење на тешките товарни возила низ градот и да не се користат камионите доколку немаат регуларно испуштање на отпадните гасови.

Граѓаните, исто така, се повикуваат  да користат суво и чисто дрво без примеси од земја и од отпадоци и при затоплување да не користат недефинирани горива и отпадни материи од различни технолошки процеси  како отпадно масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, пластична амбалажа, гума или синтетички материјали. Се препорачува редовно чистење на оџаците, печките да се користат и одржуваат според упатството на производителот и да не се користат уреди за затоплување на просториите и за готвење на фосилни горива, особено ако сопствениците и корисниците се свесни дека немаат обезбедено ефикасно одведување на димните гасови.

Следете a1on на Youtube YouTube

Се предупредуваат граѓаните и правните лица да ги одложат сите активности со корозивни хемикалии, лепаци, бои, лакови, пестициди и слично со кои се загадува воздухот во просториите. Раководителите на градилиштата пред пуштање на камионите надвор од градилиштето задолжително треба да организираат миење на гумите заради отстранување на калта и прашината, а при превоз на материјалот од градежен ископ истиот да биде затворен со церада. Стопанствениците своите технолошки процеси да ги вршат со крајна претпазливост и да одбегнуваат се што не е нужно, а може да влијае на квалитетот на воздухот во градот, како и да соработуваат со зајакнатиот инспекциски надзор од Државниот инспекторат за животна средина и Инспекторатот на Град Скопје,

Град Скопје информира дека продолжува во континуитет со своите редовни активности во насока на намалување на загадувањето на воздухот и ги повикува граѓаните да се придржуваат до дадените мерки со што ќе дадат личен придонес за подобар квалитет на воздухот во градот, што е заедничка потреба и цел кон која сите заедно треба да се стремиме.

– Настанатата состојба е резултат на загадувањето на воздухот, но, пред се, на стабилната временска состојба, карактеристична за скопската котлина во студениот дел од годината, заради што Градот Скопје е во редовен и постојан контакт со Управата за хидрометеоролошки работи  и за секоја настаната промена на состојбата редовно ќе ја известува јавноста, истакнуваат градските власти.

Препораките се во согласност со известувањата од Министерството за животна средина и просторно планирање за нарушениот квалитет на амбиентниот воздух заради надминувањето на граничните вредности за партикуларните честички помали од 10 микрометри (РМ10) во текот на пет последователни денови, а врз основа на Одлуката за алармантни состојби на квалитетот на воздухот на подрачјето на градот.

skopjezagaduvanje

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство

Катерина Ѓуровски22/07/2026 - 07:59

Син уби татко во Скопје

А1он13/07/2026 - 10:5813/07/2026 - 10:47

ВИДЕО: Пожарот во Кисела Вода е ставен под контрола, повреден пожарникар

Катерина Ѓуровски05/07/2026 - 18:2505/07/2026 - 19:13

ВИДЕО: Голем пожар во Кисела Вода, чад се гледа од повеќе делови на Скопје

Катерина Ѓуровски05/07/2026 - 17:0505/07/2026 - 18:25

Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба

Предраг Петровиќ01/07/2026 - 21:19

Ѓорѓиевски: Со навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје

Предраг Петровиќ01/07/2026 - 18:5101/07/2026 - 18:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео