Град Скопје: СДСМ покажува елементарно непознавање на ингеренциите на локалната самоуправа

Од:

„Навистина е чудно што СДСМ, иако со години е инволвирана во политичкиот систем на Република Македонија и со децении беше на власт во Градот Скопје и голем број на општини во Скопје, покажува елементарно непознавање на ингеренциите кои постојат во локалната самоуправа, како и чудната навика да се дистанцираат од секаква одговорност.

Градот Скопје не е одговорна и крива за се што се случува на територијата на Скопје, иако тоа се обидуваат лицата од СДСМ тоа да го алудираат со нивните континуирани јалови настапи. Дополнително, најголемиот број на поплавени места се случија на сообраќајници кои се стари и повеќе од 40 години, па навистина не ни е јасно со која логика и методологија лицата од СДСМ успеаја сета одговорност да ја лоцираат само во ова раководство.

Доколку се погледнат реално состојбите со поплавите во Скопје, прво треба да се воочи дека станува збор за поплави кои се предизвикани од невремиња и енормни врнежи од дожд и количества на вода, кои не направија само штети во Македонија, туку истите предизвикаа штети и во целиот регион.

Сите улици и булевари кои се во надлежност на градот Скопје имаат атмосферска канализација, што не е случајот со голем процент на улиците кои се во надлежност на општините, за што и се дискутираше на Координативното тело на градоначалници на Скопје. За потсетување, сите булевари и улици кои се во надлежност на Градот Скопје имаат атмосферска канализација.

Градот Скопје по сите невремиња беше веднаш на терен и успешно се справи со последиците, каде застоите во сообраќајот беа минимални и сообраќајниците во најкраток можен рок беа повторно проодни. Веднаш, по првото невреме, градоначалникот Трајановски ги задолжи надлежните служби веднаш да започнат со детални анализи за сите проблеми кои настанаа од поплавите, идентификување на црните точки и изработка на проекти за решавање на истите. Сите проекти и анализи се готови, јавните набавки за избори на изведувачи се во завршна фаза, а денеска и започнаа градежните работи на бул. „Киро Глигоров”.

Ваквите големи инфраструктурни проекти, кои треба да решат големи проблеми се проекти за чија реализација е потребно време и треба да се запазат сите законски постапки. Одличната поставеност на Градот Скопје и јавните претпријатија за краток период резултираа со завршување на сите анализи и постапки и започнување со реализација на овие зафати, па оттаму не ни е јасна причината за оваа конфузна и нервозна реакција на СДСМ.

Токму поради овие насоки и доброто функционирање на Градот Скопје и јавните претпријатија, веќе се работи на терен и за неколку месеци овие проблеми ќе бидат минато“, се вели во реакцијата на Град Скопје, на соопштението на СДСМ. 

 

Би можело да ве интересира

Кој навредува, а кој не знае да чита – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со обвинувањата

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

СДСМ: По дебаклот со раздвојувањето на Албанија и Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прави граѓаните будали

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Битиќи: Над 75 отсто од граѓаните се за членство во ЕУ, власта да каже која е алтернативата

Горан Наумовски

СДСМ: Орбан се нуди како посредник додека унгарскиот амбасадор гласал да се раздвојат Албанија и Македонија

СДСМ: Албанија ќе биде запад за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прекина преговорите со ЕУ