Град Скопје: Пристапната улица ја гради приватен инвеститор, кој склучил договор со Град Скопје во време кога градоначалник бил Костовски

Од:

„Градот Скопје повторно сака да ја информира јавноста околу дел од нејаснотиите поврзани со изградбата пристапна улица со посебен сообраќаен режим на Кеј 13 Ноември.

Градот Скопје не ја гради пристапна улица со посебен сообраќаен режим на Кеј 13 Ноември.

На посочениот простор треба да се изгради пристапна улица од страна на приватен инвеститор кој склучил договор со Градот Скопје, уште во времето кога градоначалник бил Трифун Костовски. Со овој договор е утврдено дека приватниот инвеститорот треба да изгради пристапен пат до истиот.

Локацијата и формата на овој пристапен пат е предвиден со Детален урбанистички план донесен од Општина Центар во 2012 година и со одобрен инфраструктурен проект.

Доколку се излегува надвор од прописите, Градот Скопје не е надлежен да интервенира бидејќи градежната инспекција е во надлежност на Општина Центар“ се вели во соопштението на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски: Kонечно Скопје за Нова Година ќе биде украсено како што треба да биде

А1он