Град Скопје положи цвеќиња по повод празникот Илинден

Од:

По повод големиот македонски државен празник 2 Август на кој се одбележува 74-годишнината од одржувањето на АСНОМ и 115-годишнината од Илинденското востание, делегациja на Градот Скопје денеска на повеќе места положи цвеќиња.

Официјалната делегација на Град Скопје, составена од Љубица Јанчева, претседателка на Советот и советниците Анета Стојановска-Стефанова и Васко Лазаревски, положи цвеќиња пред споменикот на АСНОМ во парк „Жена борец“, пред споменикот на Никола Карев пред Собранието на Република Македонија и пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, на плоштадот „Македонија“.

Пред спомениците на АСНОМ, на Никола Карев и на Методија Андонов Ченто цвеќиња положија и Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, владина делегација составена од министрите за труд и социјална политика, за финансии и за дијаспора, Мила Царовска, Драган Тевдовски и Едмонд Адеми, делегација на Собранието на РМ, предводена од потпретседателката на Собранието Фросина Ташевска Ременски, претставници од Генералштабот на Армијата на Република Македонија, членови на Сојузот на борците, претставници на политички партии, на дипломатскиот кор во нашава земја, здруженија на граѓани и организации.
По завршувањето на церемонијата на положување цвеќе, пред споменикот на Методија Андонов-Ченто се обрати Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски