А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Град Скопје планира да потроши 150.000 евра за огномет и дочек на Нова Година

by А1он25/09/2014 - 14:0725/09/2014 - 14:08494
Share0

Град Скопје започна со подготовки за пречекот на Нова година. За изработка, реализација на проект за украсување и декорирање, градските власти процениле дека им се потребни 8.813.559 милиони денари без ДДВ или околу 143.000 евра.

Добивај вести на вибер

Во тендерот објавен на Бирото за јавни набавки стои:

„Архитектонски услуги; инженерски услуги и интегрални инженерски услуги; услуги за просторно планирање и инженерски услуги за уредување на земјиштето; поврзани научни и технички советодавни услуги; услуги за технички испитувања и анализа“

Освен организација на дочекот на „најлудата“ ноќ, градот распиша и тендер за организирање и огномет.

Оваа услуга градските власти ја процениле на 508,474 илјади денари без ДДВ или околу 8,200 евра.

Во деталниот опис за оваа услуга стои: Категорија на услуга: бр.27

„Други услуги кои не се опфатени во член 2 од оваа уредба (освен услугите кои се однесуваат на купување, развој, продукција или копродукција на програмски материјали од страна на радио и телевизиски куќи или за термините на радио и телевизиско емитување на програма)“

Доколку се соберат проценетите вредности на услугите кои ги бара на тендер град Скопје излегува дека од нивната каса за дочек на Нова Година ќе се одвојат 9,322,033 милиони денари или 151.000 евра, а крајната потрошена сума може да се намали доколу на електронската аукција се пријават повеќе фирми.

nova godinaskopje

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Горан Наумовски05/03/2026 - 13:39

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Горан Наумовски19/02/2026 - 11:09

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски19/02/2026 - 07:1019/02/2026 - 07:11

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 13:29

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

Горан Наумовски23/01/2026 - 13:38

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски19/01/2026 - 12:4819/01/2026 - 12:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен