Град Скопје: Ова не е прв пат Жерновски да се користи со невистини за добивање евтини политички поени

Од:

„Град Скопје сака да реагира на изнесените лаги од страна на градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски поврзани со изградбата на пристапната улица со посебен режим на кејот „13 Ноември“.

Господинот Жерновски не ја кажува вистината кога тврди дека „Град Скопје има намера да изгради улица”, кога вистината е дека оваа пристапна улица што ќе се гради на кејот „13 Ноември“, на потегот од улицата Филип Втори Македонски до објектот на Телеком, е предвидена со Детален урбанистички план донесен од Општина Центар.

Не е точно тврдењето на Жерновски дека станува збор за „транспортна улица” која се гради на кејот „13 Ноември“. Станува збор за пристапна улица со посебен сообраќаен режим за која Град Скопје има законска обврска да издаде согласност, а ќе ја гради приватен инвеститор. Повторуваме, станува збор за пристапна улица, која нема да биде сообраќајна и истата ќе биде уредена од плочки, а не од асвалт или слично на улицата Никола Вапцаров. За оваа пристапна улица ќе важи посебен режим за движење на моторните возила, поточно истата ќе биде достапна само за службените возила на Телеком, за достава на роба до околните угостителски објекти, како и за пристап на противпожарните возила и возилата на брза помош, кој и сега се движат по истиот простор.

Ова не е прв пат градоначалникот Жерновски да се користи со невистини во неговиот обид за добивање на евтини политички поени. Ова не е и првиот пат градоначалникот Жерновски да покаже елементарно непознавање на законските ингеренции на Општина Центар и Градот Скопје, па оттаму и произлегуваат ваквите негови изјави кои можеме да ги оквалификуваме единствено како конфузни и за дневно-политички цели“, се вели во реакцијата на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: За 50 отсто го зголемуваме надоместокот за новороденче

Герасимовски: Исчистена депонијата под Кале, не дозволуваме центарци да се гушат во смет

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен

Герасимовски: На 19 октомври да гласаме „За Центар што го сакаме“, единствениот и победнички концепт за развој на Центар

Герасимовски најави нова градинка, двосменско работење на градинките, бесплатни оброци за ученици и два нови покриени базени

Мицкоски до Филипче: Народот салата ќе ве направи на избори, на митинзи ниту пратениците не ти доаѓаат, сам си со Заев