Град Скопје: Осуда за фрлањето на отров на јавните површини

Од:

Градот Скопје најостро ја осудува постапката на одредени неодговорни поединци или групи, за фрлање на отров и отровни материи, со цел на труење на бездомни животни.

Оваа постапка е крајно неодговорна и претставува сериозна опасност по здравјето и животот на луѓето и животните, а воедно истото претставува и кривично дело.

Градот Скопје остро го осудува ваквото поведение на некои несовесни граѓани, и уште еднаш апелираме, доколку се забележи ваков случај, веднаш да се пријави во полиција.

Градот Скопје во 2007 година го отвори стационарот за бездомни животни во Вардариште, кој го стопанисува ЈП „Комунална хигиена“, каде работи согласно принципите за хуман третман на животните – ЦНР програма (catch, neuter, release – “залови, стерилизирај, пушти“), осмислена од Светската асоцијација за заштита на животни (WSPA) и Кралското здружение за заштита на животните на Велика Британија (RSPCA).

Изминативе неколку години капацитетот на стационарот „Вардариште“ е зголемен двојно. Објектот е изграден според европски стандарди и во него се сместени 48 нови боксови за сместување и хуман третман на заловените кучиња скитници, за што Градот Скопје потроши околу 7 милиони денари.

Доколку забележите појава на труење на животни, покрај во полиција на тел. 192, истото пријавете го во ЈП „Комунална хигиена“ на тел. 02 321 66 44 и во стационарот „Вардариште“ на тел. 02 820 13 57.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожарот во Кисела Вода е ставен под контрола, повреден пожарникар

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во Кисела Вода, чад се гледа од повеќе делови на Скопје

Катерина Ѓуровски

Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба

Ѓорѓиевски: Со навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје

Предраг Петровиќ

ВЛЕН: Пропадна обидот автопатот Скопје – Блаце да служи за приватни интереси

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

А1он