Град Скопје обезбеди 2.243 бесплатни легитимации за јавен автобуски превоз на лица со посебни потреби

Од:

Вкупно 2.243 бесплатни легитимации за јавен автобуски превоз на лица со посебни потреби обезбеди Град Скопје со што целосно ја реализира годинашната Програма која предвидува вакви бенефиции.

Од поднесените 2.274 барања од 36 организации, утврдените критериуми ги исполнија 2.243 лица, 2.085 за бесплатни легитимации и 158 за бесплатни легитимации со придружба.

Како што соопшти Град Скопје, обезбедени се легитимации за повластен јавен автобуски превоз на лица со оштетен вид, лица со оштетен слух, лица со телесен инвалидитет, лица со интелектуална попреченост, бубрежно болни лица, како и инвалиди на трудот, инвалидски пензионери и воени инвалиди.

Вкупните средства потребни за реализирање на Програмата изнесуваат 31.218.504 денари. Целта на нејзиното спроведување е да се помогне во остварувањето социјална грижа на лицата со посебни потреби, подобрување на нивното движење во урбаната заедница и нивно олеснето вклучување во социјалните и во општетствени текови на животот.

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство