Град Скопје: Некогашниот напуштен простор во Кисела Вода сега е нова зелена површина

Од:

Во завршна фаза е уредувањето на новиот парк во Кисела Вода, лоциран меѓу улицата „Лазар Димитров“ и железничката пруга, позади бараките во населбата 11 Октомври. Овој простор, кој е во непосредна близина на центарот на нашиот град, со децении беше запуштен и на истиот се создаваа поголем број на депонии со шут и отпад, информираат од Град Скопје.

„Изминатиов период екипите на Град Скопје работеа на расчистување на просторот и рамнење на теренот, каде беше посадено нова трева, а во наредниот период следува и садење на планираното зеленило“, велат од Град Скопје.

На новиот парк, што е на површина од околу 16.000 квадратни метри, во текот на есенската акција за садење ќе се засадат над 150 листопадни и 240 зимзелени садници, како и околу 400 украсни грмушки, соопштуваат оттаму.

Град Скопје продолжува со уредување на местата кои претходно биле диви депонии сега да прераснуваат во мали зелени оази со цел поздрава и поубава животна средина за сите граѓани.

Би можело да ве интересира

Жена пријави физички напад врз ќерката од поранешниот сопруг во Скопје

ВИДЕО: Демнач плаши станари на зграда во Кисела Вода

Ѓорѓиевски: Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година

Скопјанец со автомобил сакаше да повреди дечко и девојка од Италија, тврди Обвинителството

Тешка сообраќајка во центарот на Скопје: Повредени докторка и здравствен работник, повреден пациент почина во болница

Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска на увид во реконструкцијата на објектот на месната заедница во Пинтија

Предраг Петровиќ