Град Скопје на Проектниот саем за социјално вклучување

Од:

Град Скопје денеска учествува на Проектниот саем за социјално вклучување што се одржува во Конгресниот центар на Скопскиот саем со што се одбележува и успешното завршување на проектот „Зајакнување на релевантните актери за социјална инклузија на локално ниво“, поддржан од Европската унија.

На штандот на Градот се изложени печатени материјали и документи во кои се промовираат проекти и активности реализирани од Град Скопје, во областа на социјалната инклузија, а преку видеопрезентацијата беа промовирани и позначајните проекти на Градот од оваа област.

proekten saem za socijalno vklucuvanje (1)

На Град Скопје, му беше доделен и сертификат за успешна реализација на проектот.

Настанот имаше за цел да се промовира општествената одговорност на претпријатијата заради социјално дејствување во Македонија, односно да се изложат проекти или проектни идеи и да се направи обид да се привлече деловниот сектор да ги финансира тие проекти.

Би можело да ве интересира

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици