Град Скопје и годинава ќе избира најдобар угостителски објект

Од:

Град Скопје годинава по единаесетти пат избира „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите“. Петстотини и десет тајни купувачи врз основ на повеќе критериуми ќе оценуваат 50 ресторани, 50 гостилници и 70 кафебарови.

Критериумите врз основа на кои ќе бидат оценувани угостителските објекти се прв контакт со гостите, хигиена на објектите, изглед и хигиена на тоалетите, амбиент на објектите, услуга на келнерите, квалитет на храната и завршен контакт со гостите.

– Врз основа на резултатите од истражувањето, ќе се изберат три најдобри ресторани, три најдобри гостилници, како и три најдобри кафе барови кои постигнале највисок вкупен резултат на испитаните елементи на услугата. На најдобрите ќе им биде доделено јавно признание во форма на плакета, информираат од град Скопје.

Овој проект се спроведува единаесет години по ред, а неговата цел е да се разбуди свеста кај угостителите и кај граѓаните за важноста на квалитетот на услугата што се дава на клиентите во угостителската дејност, како и да се подигне општото ниво на квалитет во угостителските објекти на територијата на градот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство

Син уби татко во Скопје

А1он