Град Скопје ги укина наградите откако син на пратеничка требаше да добие 100 евра за најдобра фотографија

Од:

По три дена од почетокот на кампањата „Скопје дома“ на Град Скопје, укината е паричната награда од 100 евра која им се доделуваше на оние чија фотографија ќе беше оценета како најдобра. Наградата се укинува од денес, кога Град Скопје требаше да додели 100 евра на Петар Прентовиќ, син на пратеничката Татјана Прентовиќ од СДСМ.

Во објаснувањето зошто се доделува наградата на Прентовиќ, пишува дека: „на интересен начин го истражува тројството во секојдневието и на мошне креативен начин го доловува расположението на скопјани во овој историски миг“. Но тој, паричната награда нема да ја добие, одлучија од Град Скопје.

„Последната фотографија која беше избрана за најдобра, нема да добие добие награда. Ја укинуваме поради реакции од јавноста“, велат од Град Скопје за „А1он“.

Оттаму сметаат дека нема потреба од оваа кампања, како и дека истата предизвикува контроверзии во јавноста. Кампањата ќе продолжи, но награда нема, објаснуваат тие. Доколку не се укинеше, со кампањата ќе се потрошеа 3000 евра за награди.

Почитувани,изминативе денови Град Скопје организираше кампања #СкопјеДома на социјалните медиуми во поддршка на…

Posted by Скопје дома on Сабота, 21 март 2020

„Слични вакви повици Градот организирал на полето на образованието, урбанизмот, културата, именувањето на улиците и сл. и тие секогаш наидувале на позитивен прием во јавноста. Но, во овој случај не сакаме да долеваме масло на огнот и да придонесуваме во контроверзи во услови на вонредна состојба. Сметаме дека на скопјани не им е потребен единствено финансиски поттик за да меѓусебно се охрабруваат како креативно да го поминат времето дома. Затоа, оваа страница ќе остане отоворена и секој ден ќе избираме најдобра фотографија, но без никаква награда“, соопштија од Град Скопје.

Реакции за доделувањето на наградата на синот од пратеничката Прентовиќ имаше на социјалните мрежи, каде се реагираше бидејќи станува збор за сопартијка на градоначалникот Петре Шилегов.

Би можело да ве интересира

Славески: Арсовска е на потег, приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги преку член во Советот на Град Скопје

Предраг Петровиќ

Приватните превозници во Скопје повторно се исклучија од сообраќај

ЈСП доби шест еколошки автобуси, донација од Европската унија

Катерина Ѓуровски

Скопје повторно меѓу петте најзагадени градови во светот

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје