Град Скопје експресно ќе ја „барокизира“ историската зграда „Ибни Пајко“

Од:

На конкурсот на Град Скопје за изработка на архитектонски проект за реконструкција на фасадата на познатата градска зграда „Ибни Пајко“, која се наоѓа на сегашниот плоштад „Филип Втори“, имало само еден предлог од двајца автори.

Додека на улиците, граѓаните секојдневно го покажуваат својот револт и несогласување со „Скопје 2014“, Град Скопје експресно ќе го менува изгледот на препознатливото здание во „барок“ стилот на „Скопје 2014“. Во февруари било избрано идејното решение на авторите Лазар Димов и Никола Стакинов со кој е предвидена „барокизација“ на „Ибни Пајко“. Граѓаните на Скопје, само за изработката на проектната документација ќе треба да платат 1.016.949 денари, без данок, или околу 16 000 евра, а тендерот на Град Скопје за оваа намена ќе трае до 3 мај.

Зградата „Ибни Пајко“ е изработена од архитектот Глигорие Томиќ. Се работи за историско здание од старо Скопје, кое е изградено во 1938 година. Со изградбата на плоштадот „Филип Втори“, дуќаните беа иселени, а зградата е преградена со метални огради.

Од Град Скопје нема објаснување зошто и овој вреден архитектонски историски споменик ќе мора да биде вклучен во владиниот проект „Скопје 2014“.

Според податоците од Бирото за јавни набавки, Град Скопје има намера да го промени изгледот на уште четири згради на улицата „Димитрие Чуповски“. На конкурсот за идејни решенија во „барок“ стил, сите овие градби ги добил архитектот Жарко Чаушевски.

А.Б.

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство