Град Скопје до СДСМ: Престанете да ја лажете јавноста

Од:

Градот Скопје остро реагира и ги отфрла обвинувањата од СДСМ испратени денеска како писмена реакција, дека булеварот Кузман Јосифовски Питу се реконструира три пати за неколку години.

„Почитувани во СДСМ, ве замолуваме да престанете за ја лажете јавноста. Сакаме да нагласиме дека денеска /06.08.2014 година/ Градот Скопје почна со реконструкција на дел од сообраќајната лента пред автобуското стојалиште пред Комплексот банки, на булеварот Кузман Јосифовски Питу, чиј асфалт беше многу оштетен, со вдлабнатини и  пукнатини кои се создаваат поради тежината на автобусите што застануваат на таа станица. Во овој проект на Град Скопје не станува збор за реконструкција на булеварот Кузман Јосифовски Питу, туку за обнова на самото автобуско стојалиште. Овој градежен зафат е дел од еден поголем проект на Градот Скопје за реконструкција на оштетените сообраќајни ленти пред автобуските станици на повеќе локации низ градот, при што реконструкцијата е веќе завршена пред автобуската станица кај Адвокатската улица и на „Рекорд“, а по обновата на коловозот пред автобуското стојалиште кај Комплексот банки, екипите на Градот Скопје ќе продолжат да работат пред автобуската станица пред Веро центарот и пред објектот на МАНУ.

Поради ова, Ве замолуваме прецизно да се информирате што се работи на терен пред да решите да конструирате лаги и приказни“, се вели во реакцијата на Град Скопје на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?