Град Скопје: Бесплатниот автобуски превоз за Водно останува

Од:

„Градот Скопје реагира и ја демантира содржината на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, во врска со ново воведената А0 зона за паркирање и промената на сообраќајниот режим за движење до Средно Водно за време на викендите и државните празници. На истата беа изнесени невистини и селективно презентирани информации со која се дезинформираат и манипулираат граѓаните.

Сакаме да потенцираме дека останува на сила бесплатниот автобуски превоз и паркинг за сите коишто сакаат да го посетат Водно, а со новата услуга која ќе се воведе во наредниот период, ќе се овозможи бесплатен паркинг за возилата на лицата со посебни потреби.

Самиот паркинг деновиве ќе биде уреден, а ќе се постават и заштитни банкини и столпчиња за да се оневозможи паркирање на самиот пат.

Сите средства коишто ќе бидат собрани од паркирањето на Средно Водно ќе бидат наменети за одржување на парк-шумата Водно.

За сите лица кои сакаа да го посетат Водно се воведе бесплатен автобуски превоз во Средно Водно, како и бесплатен паркинг за сите посетители во катната гаража „Македонска фаланга“ (спроти централната зграда на Макпетрол) и на отворените паркинзи на „Градски паркинг“ кај новиот Цветен пазар. Целта на оваа мерка е да се зголеми пристапноста и се дава дополнителни алтернативи за сите оние кои сакаат да го посетат и да рекреираат на Водно.

Ја информираме јавноста дека изминатиов период Градот Скопје имплементира поголем број на решенија чија главна цел е стимулирање на граѓаните кои го посетуваат Водно тоа да го прават користејќи го бесплатниот јавен превоз и други алтернативни методи, а да го дестимулира користењето на личните автомобили“ се вели во реакцијата на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он

Ѓорѓиевски и Град Скопје велат дека снегот не ги изненадил

Катерина Ѓуровски

Жичницата на Водно не работи поради засилен ветер

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра