Град Скопје апелира до Трајко Славевски да ја стави иницијативата на приватните превозници на разгледување пред советниците

Од:

Град Скопје во денешното соопштение до медиумите апелира до претседателот на Советот Трајко Славевски веднаш да ја стави иницијативата за барањето на приватните превозници за разгледување пред советниците со цел деблокирање на овој сегмент од јавниот превоз во главниот град.

– По вчерашната прес конференција на приватните превозници евидентно е дека непринципиелната политика, личните интереси и партиските приоритети сѐ уште се тактика на мнозинството во Советот на Град Скопје предводено од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ за која цената ја плаќаат граѓаните на градот Скопје, се наведува во соопштението од Градот Скопје.

Оттаму посочуваат дека приватните превозници редуцирано сообраќаат поради револтот за неразгледување на нивната иницијатива за која може да расправа и да донесе одлука единствено Советот на Град Скопје.

– Тие имаат доставено барање до претседателот на Советот на град Скопје Трајко Славевски пред неколку месеци, кое според Деловникот за работа на Советот на град Скопје требаше да биде ставена на разгледување пред советниците во Советот веднаш без одлагање. За жал, тактиката на мнозинството во Советот да се креира незадоволство и предизвика хаос за граѓаните на градот Скопје, преку спречување набавка на нови еколошки автобуси и обидот за девастирање на јавниот превоз со неисплаќање на долгот кон ЈСП од 8 милиони евра кој го има Владата за превоз на студентите и студентскиот стандард, се наведува во соопштението од Одделението за односи со јавност на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Приватните автобуси од утре ќе возат по редовен возен ред, ЈСП уплати дел од долгот

А1он

Поради неисплатен долг од ЈСП, приватните превозници во Скопје од понеделник ќе возат само до 10 часот

Ѓорѓиевски: Аеродром добива нов кружен тек, нов мост и уште многу други инфраструктурни проекти

ЈСП има нафта уште за денеска

Пуцко Петрол не доставува нафта за ЈСП: Уценетиот Асмир Јахоски учествува во креирањето хаос, обвинува Град Скопје

Катерина Ѓуровски

Листа на кандидати за советници на ВМРО-ДПМНЕ за Советот на Град Скопје

Горан Наумовски