ФОТО: Град и дожд го поплавија Радовиш

Од:

Општина Радовиш денеска беше зафатена со обилни дождови проследени со град. Најмногу дожд имаше во Радовиш, како и во околните места Ињево, Воиславци, населба Дамјан, Тополница.

DSC_7033

Речното корито на река Сушица се прели, а радовишка Стара река речиси беше полна со вода. Од надојдените води поплавени се голем број стамбени објекти во градот и селата, земјоделските посеви во Радовишко поле исто така се поплавени, а голем број на штета има и во индустриските капацитети.

DSC_6929
Градскиот водовод исто така претрпе големи штети од невремето, а населението во дел од градот Радовиш е без вода.

DSC_6878

Влезот во градот за кратко беше затворен поради надојдената вода, а сообраќајот се регулираше од страна на сообраќајна полиција. Во текот на целиот ден на терен беа екипите на ЈП „Плаваја“ и ППЕ „Радовиш“ кои интервенираа со сите можни расположливи сили.

DSC_6833

Тимови на општина Радовиш извршија обиколки на теренот и ги согледаа состојбите. Градоначалникот Сашко Николов го свика кризниот штаб за насоки за понатамошното справување со оваа елементарна непогода.

DSC_6804

Мета

Би можело да ве интересира

Уште се полавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава

ЦУК алармира: Дождовите предизвикаа сериозни проблеми низ земјава

Горан Наумовски

ЦУК: Поплавени се земјоделско земјиште, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање на јаболка во Ресен

Поплави во Албанија, загина комунален работник

А1он

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар