Грабеж во златарскиот дуќан „Бени“ во Тетово

Од:

Златен накит во вредност од околу 200 до 300 илјади евра бил одземен при разбојништвото што денеска околу 8 часот и 40 минути го извршиле три непознати маскирани лица, од кои едното вооружено со пиштол, а второто со чекан, во златарскиот дуќан „Бени“, сопственост на Г.М(35) од Тетово.

Како што информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски, тројцата маскирани со „фантомки“ на главите влегле во дуќанот што се наоѓа на улицата „Радован Цониќ“ број 24 во Тетово и од неговиот сопственик, кој штотуку го отворил и го извадил металниот сеф да го изложи накитот, побарале да се тргне настрана од сефот и да легне долу.

– Исплашен за својот живот златарот ги послушал, а тие од сефот одзеле поголема количина разновиден златен накит и со возилото кое било надвор и со кое најверојатно дошле веднаш се оддалечиле од местото. Вредноста на одземениот накит се проценува на околу 200 до 300 илјади евра. Нешто подоцна посоченото возило „Форд мондео караван“, кое минатиот месец било пријавено дека е украдено во Скопје, пронајдено е опожарено во близина на спортската сала Тетово, изјави Јосифовски.

Полицијата извршила увид при што биле подигнати повеќе траги за вештачење и превзема активности за откривање на сторителите и за расветлување на сите поединости поврзани со разбојништвото.

Би можело да ве интересира

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска

Крадела новчаник од пациентка во болницата во Тетово, 42-годишна жена фатена на дело

Анита Петровска Рајковиќ

Полицијата расчисти пет тешки кражби во Битола

А1он