Крадец влегол во спортската обложувалница „Спортлајф“, во скопската населба Даме Груев и украл 6000 денари и еден лаптоп.
Полицијата соопшти дека разбојникот вперил пиштол кон вработените и откако ги украл работите, избегал во непознат правец.
Вработените веднаш ја известила полицијата, која трага по крадецот.