Гостиварско Беловиште ќе добие канализација

Од:

До крајот на идниот месец гостиварското село Беловиште ќе добие канализација. Оваа вест на локалното население им ја соопштија раководните луѓе на општина Гостивар.

Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари при посетата на Беловиште, придружуван од Исак Љазими, директор на ЈП „Комуналец“, на беловиштани им презентираа детали од овој проект.

– Реализацијата на овој проект ќе почнеше порано, но претходно требаше да помине кај управните органи на претпријатието. Се надеваме дека и формалностите за добивање на одобрението ќе бидат наскоро со што и работите ќе започнат, истакна првиот човек на ЈП Комуналец, Љазами.

Канализацијата во Беловиште и дел од Лопушник со должина од околу два километра беа дел од предизборната програма на актуелното општинско раководство.

– Со директорот на ЈП „Комуналец” се координиравме деновиве за да почнат градежните работи. Веруваме дека во предвидениот рок овој проект ќе биде реазлиран. Со ова ќе се реши еден од најкрупните проблеми во ова село и остварено ветување за време на изборната кампања на локалните избори, подвлече градоначалникот Таравари.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица

Цариници открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Горан Наумовски

МВР: Украдени 18 килограми злато вредни 1,8 милиони евра од златарница во Гостивар

А1он

Mаскирани разбојници со автоматско оружје ограбија златара во Гостивар

А1он

Висар Адеми-независен кандидат во изборната трка за Гостивар

Предраг Петровиќ

Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија