Гостиварски диџеи се сретнаа со градоначалникот Таравари

Од:

Градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари, денес ги прими Јетон Кадриу (DJ Dark Child), Илир Селими (DJ Knockout) и Џелал Луши (DJ Chronic).

Познатите гостиварските диџеи, ја изразија нивната подготвеност за организирање на разни настани наменети за младите од Гостивар, за што бараат поддршка од Општина Гостивар.

Тие го запознаа градоначалникот Таравари дека веќе се во подготвителна фаза на еден Летен фестивал, како и дека планираат да организираат пречек на Новата година.

Градоначалникот Арбен Таравари ги запозна нив дека раководството на Општина Гостивар, во овој мандат ќе посвети посебно внимание на културно-уметничките и забавно-рекреативните активности со посебен акцент за младите.

– Општина Гостивар ќе биде отворена за соработка во овој правец не само за граѓанските организации, туку и за неформалните групи иза поединци кои се активни во унапредување на културниот и општествениот живот живот во нашата општина, подвлече Таравари.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица

Цариници открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Горан Наумовски

МВР: Украдени 18 килограми злато вредни 1,8 милиони евра од златарница во Гостивар

А1он

Mаскирани разбојници со автоматско оружје ограбија златара во Гостивар

А1он

Висар Адеми-независен кандидат во изборната трка за Гостивар

Предраг Петровиќ

Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија