Гостиварската полиција приведе три лица осомничени за тешки кражби

Од:

Тројца гостиварци се приведени и задржани во полициската станица во Гостивар поради сомневање дека извршиле серијата тешки кражби во градот и околните населби.

Од СВР Тетово информираат дека денеска се приведени 25-годишниот С.С, 17-годишниот З.И. и 33-годишниот С.М. под сомнение дека се сторители на десетина кражби. При приведувањето, кај тројцата кои оперирале во група, пронајдени се разни алатки и предмети што ги користеле.

– Осомничените најчесто провалувале во куќи на времено вработени во странство, насилно отворајќи ги влезните врати или прозорците во приземјето и подрумските простории. По влегување во куќите, главно одземале телевизори, бормашини, моторни пили, брусилки и слични апарати, истакнуваат од СВР Тетово.

Според портпаролот Марјан Јосифоски, дел од одземените предмети се пронајдени и ќе им бидат вратени на сопствениците.

По целосно расчистување на случаите, против тројцата гостиварци ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари