Гостиварец завршил во болница по напад на глутница кучиња-скитници

Од:

Гостиварец завршил во болница откако синоќа бил искасан од бездомни кучиња на неколку места по телото.

Според СВР Тетово, каде што бил пријавен случајот, Д.М. (27) додека се движел околу 23 часот низ паркот спроти Средното општинско економско училиште, бил нападнат од петнаесетина кучиња бездомници. Три од чопорот се нафрлиле на него и го собориле на земја и при тоа го гризеле во долниот дел од грбот.

Откако успеал да се оттргне и да избега, Д.М. се упатил во гостиварската Општа болница „Ферид Мурат“ за укажување на лекарска помош.

Од почетокот на годинава, регистрирани се петнаесетина вакви случаи.

Би можело да ве интересира

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари