Гостиварец загина во сообраќајка

Од:

Педесет и шестгодишен гостиварец Љ.Д. загинал во сообраќајна несреќа што се случила вчера 10 минути по полноќ на локалниот пат Гостивар-село Куново.

Како што соопшти полицијата тој управувајќи со патничкото возило „опел аскона“ со гостиварски регистарски ознаки излетал од патот, а од здобиените повреди починал на самото место.

Телото и возилото биле пронајдени во 13 часот. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар. По наредба на јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на патот Берово-Струмица e во прекин поради сообраќајка

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден