Гостиварец удрил во полициска шкода, повредил тројца полицајци

Од:

Осумдесетгодишен гостиварец додека управувал со својот автомобил удрил во полициска „шкода јети“ на магистралата Гостивар-Кичево. Во сообраќајката освен возачот, полесно се повредени уште тројца полицајци.

Според првичните информации на СВР Тетово, сообраќајната несреќа се случила на таканаречената Здуњска крстосница, на еден од излезите на Гостивар. Во неа учествувале службено возило на МВР „шкода јети“, управувано од 35-годишниот М.Д.  и „Цитроен“ со гостиварски регистерски таблици, што го управувал 80-годишниот С.М. од Гостивар.

Од ударот на возилата, возачот на „шкодата“ и неговите двајца колеги С.Т.(45) и Љ.А.(43) се здобиле со телесни повреди и пренесени се во гостиварската болница каде им е укажана лекарска помош.

Увид на местото извршиле екипа од Полициската станица Гостивар, истражен судија и јавен обвинител, по што треба да биде појасно како дошло до сообраќјната несреќа.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он