Гостиварец случајно ја застрелал невенчаната сопруга

Од:

Триесет и шест годишната гостиварка С.З вчера е повредена со прострелна рана во левата потколеница  од нејзиниот невенчан сопруг Ф.М (46) додека ја чистел ловечката пушка, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Повредената жена од гостиварското село Долна Ѓоновица била донесена  во Медицинскиот центар Гостивар вчера во 14 часот и 30 минути.

Според МВР, Ф.М. ја чистел ловечката пушка која ја поседувал со дозвола и од невнимание испукал еден куршум, кој ја погодил невенчаната сопруга.

Се работи на целосно документирање на случајот.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски