Гостиварец и платил 10.000 евра, љубовницата го уценувала дека интимните видеа и пораки ќе ги прати на неговото семејство

Од:

Против маж и жена од селото Орашје е поднесена кривична пријава бидејќи во периодот од април лани до април годинава уценувале гостиварец дека видеата и поораките кои ги разменувал со жената од тандемот уценувачи со која бил во љубовна врска ќе ги испратат на неговто семејство.

Им исплатил 10.000 евра во некулу наврати преку брз трансфер на пари.

– Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.И.(33) и М.И.(31), двајцата од село Орашје, општина Јегуновце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. Во периодот од април 2022 година до април 2023 година, пријавените повеќе пати уценувале 50-годишен жител на Гостивар дека видео разговорите и разменетите пораки со второпријавената, со која бил во љубовна врска, ќе ги пратат на неговото семејство, информира МВР.

Би можело да ве интересира

Работник во телекомуникациска компанија загина по пад од бандера во Елшани

Удрил во ѕид, па во полициско возило: уапсен 20-годишник од Студеничани баран за издржување затворска казна

Катерина Ѓуровски

Незаконски продавале отпадно железо, го оштетиле „Тутунски комбинат“ – Прилеп за 54 илјади евра

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: МВР објави снимка од марихуаната која од Македонија тргнала за Турција ,а беше запленета во Солун

ВИДЕО:Тепачка пред полициската станица во Кочани, четворица приведени

Ја принудувал сопругата на сексуални односи, ги тепал и неа и нивните деца, уапсен 45-годишен гостиварец