Гостиварци ќе пијат поскапа вода

Од:

Со донесување на новиот тарифник за наплатана водата за пиење, граѓаните на Гостивар од први август, наместо по 9ќе плаќаат по 28,8 денари за метар кубен вода.

Тој износ од јануари следната година ќе скокне на 46 денари за истата количина. Оваа предлог-одлука ја изгласа мнозинството советници на денешната седница на Советот на општината.

Советниците на НДП се спротивставија на предлогот. Според нив, наплатата на сметките за вода за пиење во Гостивар е на многу ниско ниво, а новата повисока цена повторно ќе удри по грбот на граѓаните што редовно ја плаќаат.

„Во време на глобална економска криза, кога е намален и приливот на финансиски средства на печалбарите во градот, промените во тарифникот за наплата на вода и канализација ќе биде на директна штета на граѓаните.Водоводната мрежа е во лоша состојба, а квалитетот на водата постојано се менува. Сметам дека е подобро да почекаме да заврши изградбата на пречистителната станица во Вруток, па потоа да ја ставиме оваа точка на дневен ред”, рече советничката Букурие Гаши-Исеини.

Директорот на Јавното претпријатие „Комуналец” во Гостивар, пак, вели дека со наплата по досегашната цена за услугите претпријатието не може да покрие ни 50 отсто од трошоците за нормално функционирање.

„Промените во ценовникот се по препорака на Германската банка за развој и обнова КФВ. Договорот со нив наложува наплата по цена од 48 денари за еден метар кубен, сума што граѓаните ќе ја плаќаат во втората фаза од проектот, односно со почетокот на наредната година. Но, имајќи го предвид економскиот стандард во Гостивар, за да избегнеме ценовен шоккај граѓаните, ние прво цената ќе ја зголемиме на 28 денари”, изјави директорот на Јавното комунално претпријатие во Гостивар,МемдеалиЏафери.

Од ЈКП велат дека со поставувањето на водомерите во секое домаќинство, корисниците ќе плаќаат онолку колку што реално потрошиле вода, а не паушално по квадратен метар станбена и дворна површина, како што беше досега. Претпријатието, пак, ќе дојде до реални показатели за тоа колку вода се зафаќа од изворот на реката Вардар во село Вруток и колку вода се потрошила и се наплатила.

Г.М.

 

Би можело да ве интересира

Уапсен е гостиварец кој ја силуваше вонбрачната партнерка

Горан Наумовски

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Левица: Гостиварци ја платија кризата со здравје и страв, а власта сега им испраќа и фактура – Советот дреме

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски