Гостивар: Ќе се отворат четири детски игралишта, а во шест ќе се постават реквизити

Од:

Денеска започна поставувањето на реквизити во детското игралиште спроти Судот во Гостивар, а наредните денови ќе бидат поставени реквизити и на пет други локации.

Четири од шесте локации каде што ќе бидат поставени реквизити, се нови детски игралишта, а само две од нив постоеле од порано и сега застарените реквизити ќе бидат заменети со нови, соопштуваат од Општина Гостивар.

Детски игралишта се отвораат спроти Судот, кај комплексот на колективно згради во населбата Малеарди, кај комплексот на згради спроти големиот градски пазар и во дворот на Основното училиште “Фаик Коница” – Дебреше.

Старите реквизити ќе бидат заменети со нови во двете детски градинки во градот, каде ќе се уреди и инфраструктурата околу нив, велат од Општина Гостивар.

За уредување на детските игралишта, Општина Гостивар издвои околу 2,3 милиони денари од својот буџет, а работите се очекува да завршат во текот на месецов .

Би можело да ве интересира

Со нож и се заканувал на сопругата, а потоа ја истепал

Меџити: Градиме патишта за нашиот народ, Коридорот 8 е повеќе од пат

Автопатот Тетово-Гостивар долг 17,5 километри ќе биде готов за две и пол години

Горан Наумовски

Влен: Започнува изградбата на новиот автопат Тетово-Гостивар, стратешка инвестиција во служба на граѓаните

15-годишно момче од Гостивар силувало петгодишно девојче

38-годишен маж е повреден во пожар во Гостивар