Гостивар дел од акцијата Македонија без отпад-2016

Од:

Средношколци, основци и вработени во општинската администрација се приклучија на акцијата за собирање отпад од јавни површини низ Гостивар како дел од проектот „Македонија без отпад-2016“. Денеска се собираа отпадоци во градскиот парк. Акцијата која започна на пладне се реализира во соработка помеѓу Советот на млади и асоцијацијата „Ајде Македонијо”.

– Гостивар е чист град и локалната самоуправа посветува големо внимание на чистотата. Сепак со оваа акција сакаме да дадеме придонес кон оваа глобална акција која се спроведува во повеќе градови низ Македонија и јавно да покажеме како се спроведува грижата за чиста околина, рече Пајтим Саити од општина Гостивар.

Денешната акција за собирање отпад во Гостивар се реализира со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), преку проектот Цивика Мибилитас (Цивика Мобилитас).

Би можело да ве интересира

Уапсен е гостиварец кој ја силуваше вонбрачната партнерка

Горан Наумовски

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

Опасниот отпад ја ниша хрватската влада

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Левица: Гостиварци ја платија кризата со здравје и страв, а власта сега им испраќа и фактура – Советот дреме