Гостин со пиштол на домаќинот си ја ранил сопругата

Од:

М.Н. од Скопје ја ранил својата сопруга Б.Н откако вчера вечер, додека биле на гости, пукал кон неа со пиштолот на домаќинот Д.Ѓ. (40).

Според МВР, пиштолот бил оставен на видно место, а М.Н. го земал кога Д.Ѓ. во еден момент излегол од собата и испукал еден куршум во правец на Б.Н., погодувајќи ја во пределот на левата нога.

Настанот се случил околу 21:40 часот, во куќата на Д.Ѓ., лоцирана на улицата „Лука Геров 1“ во Ново Село.

Б.Н. со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентниот центар за укажување лекарска помош.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ