(ВИДЕО) Гошев: Груевски планира да оттуѓи дел од Македонија за без пари

Од:

Наметнатите уставни измени се насилство.Нашата ситуација е континиурано насилство од 2006 година наваму. Измената на законот за јавен долг е продолжување на насилството. А, сега дефинираат што е јавен долг, и тоа ќе биде некомпатибилно со дефиницијата на ММФ и Светската банка. Со тоа тие укажуваат дека и оние 60 % што ги планираат како граница, за Македонија ќе бидат 75 или повеќе зашто со дефиницијата го кратат долгот и вештачки создаваат, неточно бројка како квалификација.

Ова го кажа поранешниот гувернер на НРБМ, Петар Гошев на расправата „Наметнат Устав“ коментирајќи го пакетот уставни измени кои задираат во финансиите.

-Направените емпириски анализи говорат дека се случиле банкроти на држави на ниво пониско значително од 60 проценти. Беспредметно е да се говори за ниво на јавен долг ако нема одговори на прашања со колкаво јавно богатство располага Македонија, имаме ли бројка, статистика, истражување?

Нема јасен одговор колкав треба да е јавниот долг во една држава. Одговорот секогаш се бара преку јавна дебата и промислување, но тоа е во рамките на едни демократско општество а, не во криминално, диктаторско општество, рече Гошев.

Со предвидените слободни финасиски зони, според Гошев, се овозможува внесување на нечист капитал во Македонија, капитал од нечесни активности стекнати со кршење на кривичното право во земјата.

Гошев посочи дека не се дефинира зоната експлицитно- нема обрзложение, само неколку реда. И таков како што е амандманот, според него, со бесмислености, открива повеќе од намерата на владата која ќе донесе закон во парламентот за функционирање и основање на зоната од неколку збора.

-Ваков закон е можен зашто основањето и органите на зоната правата и обврските, посебните судски и регулаторни органи ќе се утврдуваат со акт посебен на зоната. Тој може да биде донесен од некое собрание на таа зона, може од директорат или слично. Зоната применува посебна правна регулатива, регулативата ќе биде донесена со акти на зоната. Супер. Тоа е се што и треба на една држава. Ова е отстапување територија на странски компании, на која немаме ингеренции, се формира квази држава, која ќе граничи со Република Македонија, рече Гошев.

-Сега нашиот Никола планира да оттуѓи дел од територијата за без пари, и од онака големата територија на Македонија. Не знаеме на колку години ќе биде тоа, немаме информации на колку време ќе се даде оваа територија, зашто никаде не пишува, вели Гошев.

Според екс гувернерот честото образложение на власта е вообичаеното-ќе се зголеми вработеноста.

-Но еден од експертите што го брани амандманот, во расправа во МАНУ,тој кажа финансиските компании нема да ги конкурираат домашните, зашто нивните услуги се само за надворешните клиенти. Значи, нема даноци од овие компании, нема да даваат услуги на клиенти на Македонија, туку само за нерезиденти, нема да имаме правна надлежност, се сами ќе си регулираат. Од наши пари ќе им изградиме инфраструктура, може ќе вработата некои луѓе од Македонија, но ќе важат платите за Македонија. Ако е само тоа користа, вреди ли сето тоа- да се конфронтира оваа држава со нормалностите во светот? Да ги зголемува пречките за интеграција во ЕУ и НАТО, посочи Гошев.

Според него, со вакви активности, Македонија и се става на располагање на меѓународната мафија, и државата ќе стане дел од неа.

-Тој свет или пробисвет крие по даночните раеви актива од 10 посто од бруто домашниот прозивод од светот, што е огромна бројка. Македонија нема да се збогати на овој начин, само ќе биде измеќарска драва. Не може да се гради имиџ во светот со луѓе како со Кондаминас, Газда Нини, Субрата Рој. Циле вети 1 милијарда долари, видовме колку време требаше да се санираат штетите, со оваа најнова иницијатива Македонија се одредува против декмократската и финасиска транспарентност, рече Гошев.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

A1on