Гори нискостеблеста шума и трева во прилепско

Од:

Два пожари се активни во Прилепско и Мариовско. На потегот кај селата Лопатица, Подмол и Бонче од саботата гори нискостеблеста шума и трева, додека другиот пожар е кај селото Крушеица.

Командирот на прилепската Противпожарна единица, Виктор Стојчески изјави дека попладнево пожарот кај Крушеица е локализиран и оти во гаснењето било вклучено и месното население, додека пожарот на потегот кај селата Лопатица, Подмол и Бонче е непредвидлив поради ветрот.

– Постојано имаме екипи на теренот. Сѐ уште се екипите на теренот кај Лопатица и Подмол. Се внимава пожарот да дојде до село, но поради ветрот е непредвидлив, изјави Стојчески.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче