Гореше највисоката зграда во Тетово

Од:

Вчера се запали најголемата висококатница во Тетово во станбениот блок 82. Пожарникарите успеале да ги спасат станарите од пламените јазици.

Дел од нив поради задушување од чадот, и веднаш биле префрлени во болница. Пламените јазици целосно опожариле пет подрумски простории, главниот електричен кабел на зградата и цевки од канализацијата.

Оштетени се и пет стакла на светларниците, а зачадени биле и ходниците.

Извршен е увид, а приведени и потоа се пуштени Ш.Х ( 22 ) и А.Х ( 30 ), поради сомнение дека го предизвикале пожарот.

Полицијата ги расчистува сите поединости во врска со тоа како избувнал пожарот дали бил намерно подметнат или станува збор за човечко невнимание.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници