Горан Трајковски и натаму ќе ја раководи Управата за јавни приходи, одлучила Владата на вчерашната седница, јави телевизија Телма.
Оваа одлука Владата ја донесе експресно, со оглед на тоа што рокот за пријавување на јавниот оглас за избор на нов директор на УЈП истече вчера.
Ова е трет негов директорски мандат. Неговиот втор мандат истече на 17 август.
Деновиве беше распишан и оглас за пополнување на директорското место во УЈП.
До кога Трајкобвски ќе биде на чело на УЈП не се знае , бидејќи директорската позиција треба да биде предмет на политички договор меѓу власта и опозицијата.