Горан Мицковски министер во новата влада

Од:

Нов министер за странски инвестиции во Владата ќе биде Горан Мицковски, објави телевизија Алфа.

Мицковски е финансиски експерт кој работел на високи позиции во големи меѓународни банки, а во моментот доаѓа од Лондон каде работи како консултант за стратегиско банкарство. Тој зборува неколку јазици и има неколку државјанства.

Инаку, актуелниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев, ќе го наследи Талат Џафери во Министерството за одбрана, каде до сега беше негов заменик, јавуваат провладините медиуми на две дена пред мандатарот Никола Груевски да го обелодени составот на новата влада.

Најверојатно и во Министерството за земјоделие ќе има промени на челната позиција, па актуелниот министер Љупчо Димовски ќе стане пратеник , а на неговот место доаѓа Михаил Цветков кој беше в.д. директор на „Злетовица“, повторно кадар на Социјалистичката партија.

Од владата ќе замине и министерот за труд и социјала Диме Спасов, затоа што овој владин ресор ќе отиде во рацете на коалицискиот партнер ДУИ.

Во другите министерства, според истите извори, не се очекуваат кадровски промени.

Би можело да ве интересира

Владата бара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел на правосудниот испит

Горан Наумовски

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата