Горан Груевски, началникот на Петтата управа при МВР, ќе биде избран за нов директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, на местото на Сашо Мијалков, кој си поднесе оставка, објави Плусинфо.
Горан Груевски се смета за човек кој е добро позициониран во МВР и во околината на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
До недомана се шпекулираше дека ниту тој, ниту Тони Јакимовски нема да бидат избрани на чело на УБК, туку ќе се оди на сосема ново решение.
Во меѓувреме, приврзаници на ВМРО-ДПМНРЕ покренаа петиција оставката на Мијалков да не се прифати.