Голомразица и кашест снег на некои коловози, возете внимателно

Од:

Според најновите информации од ЈП Македонија пат, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, во зимски услови, на места по влажни коловози со мали остатоци од кашест снег. Поради ниските температури коловозите се подмрзнати, но постојано се фрла сол или песок.

Дежурните екипи на ЈП Македонија пат се на терен и редовно ги контролираат и одржуваат проодни сите патни правци.

По клисурите и засеците можна е почеста појава на поситни одрони, посебно на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија-Удово и Катланово-Велес, кои можат да го попречат движењето на возачите.

АМСМ ги потсетува сите возачи дека законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, трае до 15.03.2013.

Би можело да ве интересира

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ

Снег во Дебарско, прекини во снабдувањето со струја