„Голф“ излета од автопатот Тетово-Скопје, четворица завршија во болница

Од:

Полицијата извести дека синоќа во 23.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Тетово – Скопје, во близина на село Требош, општина Желино, возило „фолксваген голф“ управувано од Ш.З.(41) од с.Љуботен, скопско, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки повреди се здобиле Ш.З. и малолетен сопатник од с.Љуботен, додека со телесни повреди се здобиле двајца малолетници од с.Милетино и с.Љуботен, констатирани во Клинички центар Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Би можело да ве интересира

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски