Големо чистење во Карпош

Од:

Утре и во сабота, во Општина Карпош ќе се спроведе големата акција на чистење на Општината, која ја иницираше и е во соработка со Градот Скопје, и сите јавни претпријатија кои се под негова ингеренција.

Со севкупна механизација, и значителни човечки ресурси од Градот и Општината, на пет локации низ локалната самоуправа, ќе се расчистува шутот, т.н мини депонии, сметот и лисјата.

Станува збор за расчистување на локацијата позади етноресторанот „Македонска куќа“ (кај контејнерите), под мостот Газела, од страната на населеното место Злокуќани, мостот кај вливот на Лепенец во Вардар, во Жданец, на ул. Теодосија Синаитски, каде што ќе се отстрануваат камења и шут, како и каналот за одвод на атмосферски води меѓу Трнодол и Жданец.

Во акцијата на чистење на Карпош ќе бидат вклучени ЈП „Паркови и зеленило“, со шест специјализирани возила, кои ќе ни помогнат во транспортот на лисјата. ЈП „Улици и патишта“, ќе работат на крпење на ударните дупки, како по големите градски улици, така на станбените и сервисните улици во Општина Карпош. ЈП „ Градски паркинзи“ ќе работи на расчистување на нивните паркиралишта на територија на Карпош, односно двете кај болницата „ 8 Септември“ ( поранешна Воена болница) и кај тенискиот клуб „АБЦ“. ЈП „ Водовод и канализација“ ќе работат на расчистување на сливниците, а ќе помогнат и во транспортот на собраните лисја.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје