Голема полициска акција, се апсат осомничени за пукањето во Александар Палас

Од:

Во тек е голема полициска акција за апсење на лицата кои беа дел од нападот во хотелот „Александар Палас“ пред два дена.

Полициската станица Карпош е под опсада. Сите приоди до неа се блокирани од страна на специјалци со автомати, а секој автомобил што ќе помине го осветлуваат рефлектори.

Засега, според непотврдени информации, уапсени се две од пет лица поврзани со завчерашниот настан. Меѓу оние кои биле повикани на распит во полициската станица Карпош, како што дознаваме неофицијално, се лицата во кои било пукано, бидејќи испраќале заканувачки пораки до полицијата дека не ги заштила за време на инцидентот.

Од МВР за завчерашниот инцидент соопштија дека додека во ресторанот на хотелот седеле Е.И. (21), Е.И. (25), О.Б. (35), К.И. (41) и Љ.Ќ. (25), три лица со маски почнале да пукаат кон нив. Тогаш Љ.Ќ., полициски службеник кој не бил на работа а бил дел од групата, испукал 11 куршуми од службениот пиштол кон нив, по што тие заминале. Повредени лица во инцидентот немаше.

Трагите за напаѓачите се претпоставува дека водат кон скопско Арачиново во чија близина беше и пронајдено возилото што го користеле напаѓачите. Автомобилот „Фолксваген Туарег“ бил целосно пеплосан по нападот, а внатре биле пронајдени две опожарени автоматски пушки марка „калашников“.

Од МВР се уште не излегуваат со официјални информации за приведени или осомничени лица за нападот.

Би можело да ве интересира

Сообраќајна несреќа го затвори патот до скопскиот аеродром

Катерина Ѓуровски

Скопјанец се обидел да измами повозрасна жена за сума од 35.000 евра, претставувајќи се како лекар од Италија

Велешанец усмртен од камион

Полицаец издавал службени тајни на адвокат на осомничен

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Три лица пронајдени починати во Скопје, наредени обдукции