Голема еко – акција за чистење на Карпош

Од:

Општина Карпош организира голема еко – акција за чистење на Општината, на 13.04.2019 година (сабота), со почеток во 10:00 часот, на повеќе собирни пунктови.

Во акцијата ќе се приклучи градоначалникот, општинската администрација, советниците, комуналните служби, како и повеќе јавни личности, граѓански организации, институции и фирми.

До овој момент кон акцијата на Општина Карпош се приклучија: „Пакомак“, „Acibadem Sistina“, Лабораторијата „Авицена“, групата ДНК, Друштвото за управување со оптад „НУЛА ОТПАД“ и ЈП Паркови и зеленило.

Еко – акцијата ќе започне од повеќе собирни пунктови:

• Кеј на Вардар (две собирни места):
– 10:00 часот, под х. „Александар Палас“, кај фитнес зоната;
– 10:00 часот, крајот на бул. „Илинден“ (патеката што води до мостот „Газела“);
• Министерство за економија (ул. „Јуриј Гагарин“ бр.15);
• Бул. „Партизански одреди“ (четири собирни места):
– 10:00 часот, кај автобуската постојка и пекарата „Мал Одмор“ (спроти Симпо);
– 10:00 часот, пред Симпо;
– 10:00 часот, кај мостот „Обединети нации“ (кај воените кули);
– 10:00 часот, спроти воените кули, кај трите бели кули.
• Платото на Млечен, пред „Ли“ кафе;
• ТЦ Лептокарија (на коцка, пред кафе бар „Ревија“ )
• Порта Влае (на плоштад „Делфина“).

Општина Карпош ги повикува сите граѓани, фирми, институции и граѓански организации да се приклучат кон оваа акција и преку сопствен пример да покажат грижа за заштита на животната средина.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје