Голема дупка се отвори во битолската населба „Смилевски Баир“

Од:

По пријава на локалното население од битолската населба „Смилевски Баир“ каде што на улицата „Смилевска“ била забележана невообичаено голема дупка, денеска увид на самото место изврши екипа на Дирекцијата за заштита и спасување и општина Битола.

Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека дупката мора да се затрупа за да се спречат несакани проблеми ниту пак некој да се доведе во опасност.

– Според првичните проценки станува збор за отвор, можеби е пештера од Втората светска војна врз која сега е трасирана улица. Дупката мора да се затрупа бидејќи е во населено место и во непосредна близина има куќи. Површински, отворот е широк и долг 4 метри, а длабок 3 метри, но можеби од подземните води отворот би се зголемил и затоа превентивно ќе се дејствува, истакна Димче Јошевски, раководител на Дирекцијата за заштита и спасување, одделение во Битола.

Општина Битола веќе презела мерки и активности за затворање на отворената дупка за да не се случат дополнителни оштетувања на улицата, како и остранување на потенцијалната опасност или проблеми по локалното население.

Би можело да ве интересира

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките

28-годишник од Битола крвнички ја уби својата баба, се истражува дали осомничениот е психички болен