Голема Богородица и Св. Јоаким Осоговски ќе се прослават во Крива Паланка

Од:

Во манастирскиот комплекс „Св. Јоаким Осоговски“ се завршени подготовките за чествувањата на двата големи празници, Успение на Пресвета Богородица-Голема Богородица и Свети Јоаким Осоговски, информираат од Кривопаланечкото архиерејско намесништво.

Чествувањата ќе почнат вечер со служење вечерна литургија во манастирот со почеток во 18 часот, а утре, на празникот Успение на Пресвета Богородица, со утринската Божествена литургија која започнува во 8 часот, ќе чиноначалствува митрополитот Кумановско-Осоговски г. Јосиф.

– Неговото преосвештенство, владиката Јосиф ќе чиноначалствува и со вечерната литургија утре, како и со утринската Божествена литургија на 29 август, кога се празнува светецот-закрилник, патрон на манастирот, Јоаким Осоговски, изјави отец Александар Смиљков.

Тој информира дека манастирскиот комплекс располага со сместувачки капацитет од стотина легла за сите верници кои ќе сакат да останат повеќе денови во манастирот.

– Во стариот и новиот манастирски конак има стотина легла за сместување, додека во завршна фаза е изградбата на новиот манастирски конак и придружните објекти кои ќе ги надополнат сместувачките капацитети и понудата во манастирот во следниот период. Како и секоја година, и годинава очекуваме неколку илјади верници за време на претстојните празници, особено поради фактот што времето ќе биде убаво, а ни претстои и продолжен викенд, рече Смиљков и им посака на верниците да уживаат во прекрасниот духовен рај под Осоговските планини.

На 29 август, по утринската литургија ќе биде осветена и вода во дворот на манастирот. На 30 август, пак, недела тринаесетта по Педесетница во соборниот храм „Свети Димитриј“ во Крива Паланка митрополитот Кумановско – Осоговски ќе одржи Божествена литургија со почеток во 8 часот.

Би можело да ве интересира

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите