Уапсени се десетина полициски службеници, под сомнение дека фалсификувале патни исправи и лични документи, дознава “А1он”. Според извори во истрагата, таа се водела веќе една година, при што се собрани докази со кои се докажува дека полициските службеници сториле кривични дела.
Акцијата е спроведена во координација со Канцеларијата за истраги на американската амбасада и Интерпол.
Од МВР потврдуваат дека е во тек голема акција, а детали најавуваат по нејзиното завршување.